Практикантска работа за средношколци во ЕВН Македонија
Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2016 14:31
Од јуни почнува практикантската работа за средношколци во ЕВН Македонија. Над 50 средношколци од пет електротехнички училишта од земјава ќе можат теоријата да ја применат во пракса низ процесите за работа во ЕВН.
Соработката со средните технички училишта трае веќе 4 години и ЕВН е подржувач на сите активности кои се во насока на зголемување на интересот за техничките науки и зголемување на знаењата и вештините на младите електротехничари.
„ЕВН Македонија има стратегиска определба да се вклучи во образовниот процес при градењето на стручни кадри уште од нивната рана образовна возраст, со цел тие по завршувањето на своето средно образование веќе да бидат подготвени за предизвиците на работните места, изјави д-р Игор Гиевски,член на управниот одбор на ЕВН Македонија. Тој на доделувањето на наградите на победниците на„Деновите на електротехника„ кои се одржаа во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопјенајави дека ЕВН и годинава ќе ги отвори вратите за средношколците од електротехничките училишта за посетување на практикантска работа и со тоа уште повеќе ќе се продлабочи соработката штовсушност е заедничка инвестиција во младите.
Досегашната соработка овозможи стотици средношколци да минат низ практикантска работа во ЕВН и да видат како треба да се примени сето она што го учат на училиште. Вратите на компанијата ќе бидат отворени за сите кои ќе имаат амбиции и острученост да работат во иднина во неа.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





