Пратеници од две словенечки партии гласаа против приемот на Македонија во НАТО
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2019
Словенија е првата земја, по Грција, која го ратификуваше приемот на Македонија во НАТО, иако Државниот збор не го прифати пристапниот Протокол едногласно.
Од присутните пратеници претпладнето, позитивно се изјаснија 72, додека 12 беа против. Станува збор за две пратенички групи од СНС и Левица. Едната партија важи за националистичка и евроскептична, додека другата е против „империјализмот на НАТО како воен сојуз“. И двете партии сметаат дека членството во Алијансата не е „од интерес на граѓаните на Македонија“.
Пред гласањето се обрати претседателот на Македонија, Талат Џафери, кој се заблагодари за ваквиот чин, ја коментираше меѓусебната соработка на законодавните тела од двете земји, се осврна на придобивките од Преспанскиот договор и рече дека очекува оваа година да добиеме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ
Оцени дека економската соработка треба да биде подобра
Во четврток Албанија е следната земја која треба да го ратификува Протоколот.