Пратениците се испокараа на надзорната расправа за поплавите
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Наместо барање на одговорност кај институциите за последиците од поплавите во Скопје на 6-ти август кога 22 лица загинаа, пратениците ја поминаа седницата во меѓусебни обвинувања и кавги, па дури и вербален дуел меѓу пратениците Сугаревски од СДСМ и Куковски од ВМРО-ДПМНЕ.
По кавгите беше донесена одлука да се направи пауза, па што се смират страстите расправата ќе продолжи.
Според планираното, треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година. Изјави треба да дадат повеќе функционери од областа на земјоделството, агенциите за заштита и спасување, УХМР, повеќе министри, директори на јавни претпријатија и градоначалници.
По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена до лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, ддоека пратениците на ВМРО ДПМНЕ на сведочење ги повикаа екс премиерите од СДСМ Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски. Поранешните премиери најверојатно ќе бидат сослушани наредната недела.
Извор: novatv.mk