17 Декември, 2025
0.0551

Преку Водич до едукација на средношколците за пазарот на хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2015 14:24

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Меѓународната финансиска корпорација, дел од Групацијата на Светска банка (ИФЦ), со поддршка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (СЕЦО) изработија Водич за разбирање на пазарот на хартии од вредност. Со Водичот, овие институции имаат цел да придонесат за подигнување на степенот на финансиската едукација, како и предметите поврзани со пари и управувањето со нив да станат подостапни до младите генерации. Оваа брошура е наменета за учениците од средните училишта.

Имајќи го предвид фактот дека во една пазарна економија, настаните на Берзата и воопшто на пазарот на хартии од вредност се едни од најважните економски феномени, се наметнува потребата од рано разбирање и толкување на поимите поврани со пазарот и навлегување во суштината на неговото функционирање. Токму младите во иднина треба да бидат оспособени да стапуваат на пазарот на работна сила, да влегуваат во финансиски трансакции и да носат правилни одлуки врз основа на информациите со кои располагаат.

komisija hartii od vrednost

Постои глобален консензус дека е потребно нивото на финансиска едукација и писменост во светот да се подобрува и се повеќе луѓе да се вклучуваат во светот на финансиите, а со тоа и на пазарите на хартии од вредност.

Потврда за тоа е и одбележувањето на Глобалната недела на пари (Global Money Week), во што е вклучена и Република Македонија, а промоцијата на Водичот е само една од активностите што се спроведуваат кај нас.

Водичот е достапен на веб страницата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија www.sec.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив