27 Септември, 2024
0.0265

ПРЕПОРАКИ: Како да се заштитите од зарази во поплавените подрачја?

Објавено во: Македонија 12 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Надлежното министерство и релевантните здравствени установи денеска излегоа со препораки до граѓаните зафатени од поплавите и сите оние кои се на терен и добороволно помагаат во санирање на штетите за побрзо враќање на состојбата во нормала.

По извршениот увид на терен Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје-Скопје препорачуваат:

- Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите. - Темелно чистење на мувлата и калта со топла вода и детергент. Кај мувли со поголем интензитет да се побара помош од стручно лице, а по чистењето ѕидови во куќите да се бојадисаат со вар. Облека која била во контакт со вода од поплавата да се испере одделно од другата облека, со детергент и со топла вода (70° С). Да се фрлат  предметите кои биле во контакт со вода од поплавите (на пр. играчки, кујнски предмети, предмети од домаќинствата, мебел, теписи и оштетен под (паркет, ламинат и бродски дрвен под) или  доколку нема поголеми оштетувања истите да се исчистат со топла вода (70° С) и со детергент. - Ѓубрето да се фрла во канти или пластични кеси за ѓубре и исклучиво во контејнери кои се наменети за таа цел. - Детскиот и човечки измет брзо и внимателно да се отстрани. Во случај системот за канализација да не е во функција, да се користат канти, хемиски тоалети или полски тоалети. - Самостојно не е дозволиво да се отстрануваат умрени животни, туку да се повика ветеринарна служба да го направи тоа. - Заштита од комарци со употреба на спреј против инсекти (репеленти) и со носење светла облека, кошули со долги ракави и панталони со долги ногавици, а на прозорците од домовите да се постават заштитни мрежи против комарци. - Да се отстрани застоената вода од различни садови, саксии за цвеќе и стари гуми во областите каде што се размножуваат комарците.

Остануваат основните препораки за пиење безбедна вода, хигиена на рацете со сапун по секое чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и по одење во тоалет. Да не се користи храна која била во допир со вода од поплавите и истата да не се консумира доколку не била во фрижидер или замрзнувач ако струјата е исклучена. Секоја варена храна и намирници кои можат да се расипат задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5°С), и истата мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура поголема од 70°С). Во случај на здравствени проблеми особено појава на пролив и повраќање, зголемена температура и/или кожни промени да побараат медицинска помош во најблиска здравствена установа. Јавните здравствени установи се во мобилна состојба

Можеби ќе ве интересира

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

САМО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ КОИ ОД ИНФОРМАТИКА ЗНААТ САМО ДА СТАВАТ „ЛАЈК“ НА ПАРТИСКИОТ ШЕФ И СЕ МАЧАТ СО В И Ф: Д-р Беќаровски кажа какви професори имаме

САМО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ КОИ ОД ИНФОРМАТИКА ЗНААТ САМО ДА СТАВАТ „ЛАЈК“ НА ПАРТИСКИОТ ШЕФ И СЕ МАЧАТ СО В И Ф: Д-р Беќаровски кажа какви професори имаме

И ФЕЈСБУК „ПОЛУДЕ“ ПОРАДИ ТОА ШТО МАКЕДОНИЈА ОСТАНА ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Лавина реакции на социјалните мрежи

И ФЕЈСБУК „ПОЛУДЕ“ ПОРАДИ ТОА ШТО МАКЕДОНИЈА ОСТАНА ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Лавина реакции на социјалните мрежи