21 Декември, 2024
0.0295

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: Сменет е стечајниот управник

Објавено во: Економија 08 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Душко Тодевски повеќе не е стечаен управник на Еуростандард банка, а на негово место е назначен Маринко Саздовски. Промената веќе е впишана во Централниот регистар, а ја донел Основниот граѓански суд од Скопје кој постапил од барање за разрешување. Одлуката е донесена на 5 април годинава, а според тоа, Тодевски во рок од три дена требало да му ја предаде на Саздовски целокупната документација на должникот и документацијата после отворањето на стечјаната постапка на должникот.

Тодевски беше стечаен управник на Еуростандард банка од отворањето на стечајот на 14 август 2020 година. Во последниот период тој продава дел од имотот на пропаднатата банка, а последни се нудеа акции кои Еуростандард ги имаше во некои моќни компании и тела. Пред извесно време се продадоа во „Реплек“ и во Централен депозитар за хартии од вредност.

Фактор во декември лани пишуваше дека Тодевски побарал од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда. Тодевски на 21 декември достави до судијата предлог за награда на стечајниот управник и во него на страница и половина образложуваше некои детали од стечајната постапка. На крај побара да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа дотогаш, кои заедно со сумата од 5.000 евра која му била исплатена авансно ќе ја заокружат наградата на вкупно нешто над 158 илјади евра. Во тој документ тој објасни дека со планот за авансна распределба предвидено било да се распредели стечајната маса и тоа парични средства во износ од 3.100.000.000 денари ( 50,4 милиони евра).

Инаку Маринко Саздовски беше стечаен управник на ТЕ-ТО, а своевремено нему акционери на Топлификација му поднесуваа и кривична пријава.

Тој беше стечаен управник и на ОХИС.

Нема објаснување зошто се  врши промената, а упатени коментираат дека целата работа не е наивна.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција