Приказна за струмичанец кој изгуби 200 илјади денари а Хрват му ги врати
Објавено во: Македонија 08 Април, 2015
Оваа приказна за струмичанецот Ѓорѓе Спасов од струмичкото Радичево денеска е топ тема во медиумите.
Приказнава е вистинска и се случила деновиве на хрватска патарина кога среќниот Ѓорѓе наплаќајки на патаринатаму паднала торбата во која му бил паричникот со двесте илјади денари заштеда и пасошот.
Торбата ја забележал хрватот кој работел на патарина и ја зел. Во неа ги видел парите и пасошот.
Откако по еден час струмичанецот забележал дека му ја нема торбата се вратил назад и наишол на хрватскиот работник кој ја покажал чесноста на дело и му ги вратил парите на Спасов кој изгубил надеж дека ќе ги најде парите.
За чесниот хрватски работник Хрвоје не е прв пат вака да постапи. Неговите колеги велат дека тој по шести пат наоѓа големи суми на пари и им ги враќа на оние кои ги изгубиле. Пред некоја година ја добил и награда „Гордост на Хрватска“.
„Ме спасивте. Тоа ми беше целата заработка која ја донесов од Швајцарија каде работев неколку месеци. Не знам како да ви заблагодарам, вели Ѓорѓе низ солзи, но Хрвоје не сакал ниту да чуе за било каква награда
„Одете дома и израдувајте ги најблиските за Велигден. Тоа ќе ми биде најголема награда“ – рекол Хрватот.
Оваа приказна треба да ви биде секогаш на ум, и да ви биде инспирација и вие исто така да постапите во животот ако се најдете во ваква ситуација.
Помислете дека колку повеќе добри дела правите толку подобро и посреќно ќе се чуствувате.