Прилепска Пиварница избира најдобра Златен Даб андроид апликација
Објавено во: Мои пари 19 Март, 2015 15:12
Од денеска започнува наградниот конкурс за креирање најдобра Андроид Даб апликација наменета за паметни телефони и таблети. До 8-ми мај секој може да се обиде да ја креира својата Андроид апликација специјализирана за брендот на Златен Даб.
Идејата на Прилепска Пиварница со овој конкурс е да се поттикне создавањето на нови новативни апликации, кои ќе имаат реална примена во модерното секојдневие. Предизвикот за програмерите е да го познаваат најдобро брендот Златен Даб и вредностите кои ги промовира, за да можат да ги истакнат во самата апликација.
„Преку овој конкурс сакаме да ги мотивираме македонските програмери да развијат креативна, функционална и оригинална мобилна платформа, која што ќе биде наградена и ќе може бесплатно да се симнува од Play Store маркетот. Цврсто веруваме дека со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања кој го поседуваат програмерите, ќе создадеме врвно, но истовремено и практично решение за современа и најмодерна Android апликација за нашиот најпрепознатлив бренд Златен Даб“, изјави Александар Чатлески, бренд менаџер во Прилепска Пиварница.
За избраната најдобра Даб Андроид апликација, Прилепска Пиварница обезбедува покрај паричната награда од 1.500 евра, победникот да склучи договор со компанијата за префрлување на авторските права на наградената апликација, а истата ќе биде промовирана преку повеќе маркетинг канали во месеците по прогласувањето.
Победничката апликација ќе биде избрана од страна на жири комисија, составена од пет членови избрани од страна на Прилепска Пиварница. Ќе се оценува според дизајнот, иновативниот пристап, како и функционалноста на самата апликација.
Објавувањето на победниците ќе се изврши на 15-ти мај, 2015 година.
Сите информации за наградниот конкурс, за правилата, начините за пријавување и учество, се достапни на веб страницата на Златен Даб www.zlatendab.com.mk или на нивната официјална страна на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





