„ПРИТВОР ЗА АЛАБАКОСКИ НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ, А НЕ ДА БАРА МВР“: Тоа е работа на Обвинителството, појасни адвокатот Митровски
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2022 18:56
Адвокатот Јанаки
Митровски кој прв на Фјесбук се „пријави„ да го брани осомничениот Ламбе
Алабакоски за опожарувањето на културниот центар „Иван Михајлов„ во Битола, за „Фокус“ појаснува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски треба
да биде километри одалечен од помислата да бара притвор.
„Нема никакви ингеренции како министер и ова не може никако поинаку да се перцепира, освен како директен политички притисок“, вели Митровски.
Предметот за Алабаковски не се процесира во редовна, туку во итна постапка. Митровски објаснува дека постапката е итна кога обвинителот одлучил дека пред судија на претходна постапка ќе предложи мерки за обезбедување на присуството на Алабаковски во текот на целата постапка и тие варираат од обврска да се јавува во судот повремено до притвор.
Се користи кога обвинителот ќе процени дека осомничениот може да бега или да се крие, да ја попречува или влијае на истрагата и сведоците и да го повтори делот. Така е во книгите, праксата покажува дека во овој дел од постапката обвинителот е доминантен, вели Митровски за Фокус.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




