27 Декември, 2024
0.0273

Продаваат флаширана вода и прават приходи во милиони евра! Кои се тие?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

На нашиот пазар има шест производители на флаширана вода кои направиле приходи поголеми од еден милиони евра лани. Меѓу нив четири се компании во чие производство доминантен производ е токму водата (минерална, негазирана или газирана). Најуспешна е фирмата на децата на Ѕинго „Маргони ДОО“ која лани направила профит од половина милион евра!

Водата е најнеопходниот ресурс за физиолошко битисувањето на човекот и тоа е неоспорен факт. Водата е општо добро кое како темелна вредност го гарантира и нашиот Устав што само по себе доволно кажува за нејзиното значење. Водата, мирна, минерална или газирана, а флаширана е комерцијален продукт кој врти милиони евра на нашиот национален пазар. И покрај тоа што Македонија се уште е држава во кој често се конзумира и вода од локалните водоводни системи.

На нашиот пазар има десетина производители на флаширана (пакувана) вода од кои шест компании лани имале приходи поголеми од еден милион евра. Од нив четири компании се производители во чие портфолио (или палета производи) доминантно е учеството на водата (независно дали станува збор за мирна, газирана или минерална)

„Кожувчанка“ од Кавадарци, лани, е производителот на вода со пазарно учество од 12,5 милиони евра. Таа е една од најпопуларните но и најуспешни и најбрзорастечки домашни компании. На нејзината палета освен води има и газирани и негазирани сокови, а од пред некое време произведува и пиво. Премум брендови вода на оваа компанија се минералната „Кожувчанка“ и „Изворска“ која може да се најде како природна и мирна или газирана. Компанијата постои на пазарот речиси 25 години, а има над 100 вработени.  Добивката на компанијата чии сопственици се кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и неговата сестра Јанинка Чупкароска лани изнесува 474.000 евра и во споредба со претходната година бележи пад од 10 отсто. Приходот на „Кожувчанка“ лани е на ниво од претходната 2018 година со изгледи за иден раст.

„Кодинг Горска“ е производител во чие портофилио долги години наназад доминантно е учеството на флашираната вода. Исто како и „Кожувчанка“ и „Горска“ се полни од издашните извори на Кожуф планина. Најпознатиот бренд на оваа компанија е токму водата „Горска“. Приходот на „Кодинг Горска“ лани изнесува 7,5 милиони евра и се поголеми за 5 отсто во споредба со 2018 година.  Добивката на компанијата чиј сопственик е „Кодинг ДООЕЛ“ е 116.000 евра и е повисок за 29 отсто во споредба со 2018 година.

„Магрони ДОО“ е компанија производител која со години наназад е присутна на пазарот на флаширана природна минерална и газирана вода. Производител е на брендовите „Ладна“ и „Добра вода“ и е сопственост на децата на Љубисав Иванов Ѕинго: Горан Ивановски и Розета Димитровска. Ова друштво лани направи приход од 6,2 милиони евра што е за 21 отсто повеќе од 2018 година. Добивката на „Магрони ДОО“ е 502.000 евра што е за 80 отсто повеќе од 2018 година. Според профитот оваа компанија е најпрофитабилниот производител на флаширана вода лани во земјава. Изворите што ги експлоатира „Маргони ДОО“ се на Осоговските планини.

„Пелистерка“ е исто така една од најприсутните брендови на флаширана минерална вода под истото име како и компанијата што се произведува и продава во Македонија. Ова друштво, семејна компанија на Панделески, лани оствари приход од 6,1 милиони евра што е за 15 отсто помалку од претходната споредбена година. Добивката на друштвото е 104.000 евра и е за 33 отсто повеќе од претходната година.  

Куманово има два производители на вода. Поголемиот , од аспект на приходи е Кватро кој на својот асортиман ја има водата под бренд „Божица“, но позастапени производи на неговата палета се соковите. Компанијата, чии сопственици се Ана и Перица Строимановски и Светлана Младеновска, лани остварила приход од продажба во износ од 3,7 милиони евра и остварила добивка од 116.000 евра што е за 34 отсто помалку од 2018 година.

Помалиот од аспект на приходи, производител на вода е „Визиана“ и тоа е препознатлив бренд на флаширана вода. Сопственик на друштвото е Синиша Тошевски, а приходот на друштвото лани изнесува 1,7 милиони евра што е за 14 отсто подобар резултат од 2018 година. Добивката на „Визиана“ лани пораснала за 49 отсто и изнесува 93.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал