Продолжува ноќното бележење на градските улици
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2015
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја продолжуваат акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.
Во текот на изминативе денови рачно се бележеа сите пешачки премини на Јужниот булевар и на булеварот Мајка Тереза, пешачките премини со ознаките ШКОЛО на улицата Тодор Александров и на улицата Ацо Караманов, како и пешачките премини на булеварот Гоце Делчев, под скопското Кале.
Машински беше обележан булеварот Никола Карев, на потегот од клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар до објектот на Американската амбасада.
Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици деновиве се обновуваше и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици беа поправени, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци