16 Декември, 2025
0.0418

Продолжува соработката меѓу Македонската кошаркарска федерација и Туркиш Ерлајнс

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2016 16:31

Добивај вести на Viber

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со својот потврден партнер, авиокомпанијата Туркиш Ерлајнс. Денеска, претседателот на МКФ, Петар Наумоски и претставникот на Туркиш Ерлајнс Алтај Шабан во име на генералниот директор за Македонија, Илкер Бајдар, го потпишаа  новиот едногодишен договор за соработка.

pece

Соработката со Туркиш Ерлајнс има огромна тежина и значење за нас. Привилегија е кога зад вашиот тим стои успешна и светска компанија и уште ако таа поддршка се одвива во континуитет. Пред нас имаме многу натпревари да одиграме и големи предизвици, затоа довербата што ја добиваме втора година по ред од Туркиш Ерлајнс е дополнителен мотив за успешно претставување на Македонија“, изјави Петар Наумоски, претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација.

Македонските кошаркарски репрезентативци и оваа година со авионската компанија Туркиш Ерлајнс ќе летаат кон уште едно учество на Европско првенство како и на други натпревари низ светот каде ќе ја преставуваат Македонија.

МКФ и Туркиш Ерлајнс својата соработка ја започнаа минатата година, а на задоволство на двете страни оваа соработка продолжува и во следите 365 дена.

Компанијата Туркиш Ерлајнс во Македонија е присутна цели 18 години. Повеќе години е меѓу најдобрите авиокомпании во светот и важи за докажан пријател на спортот.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив