НЛБ Банка го заокружи Месецот на штедење
Прогласени победниците и доделени наградите за најдобрите
Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2022 16:07
Традиционално со свечен настан во НЛБ Галерија, НЛБ Банка го заокружи единаесеттиот по ред „НЛБ Месец на штедење“. На настанот беа прогласени најдобрите ликовни творци на темата „Штедиме и создаваме изуми за подобар свет" и најуспешните основни училишта во креирање „Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење’.
Годинава „НЛБ Месецот на штедење“ кој започна традиционално со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки и забавно едукативна програма за најмалите во просториите на Банката, се одвиваше во периодот од 26 септември до 25 октомври. Во текот на едномесечната кампања беа посетени голем број основни училишта во кои беше изведена едукативната претстава со Тиби и Штуки, а исто така на децата им беа одржани и низа предавања на тема штедење од страна на вработените на Банката.
Изложбата на цртежите ќе биде поставена во НЛБ Галерија, а сите заинтересирани посетители можат да дојдат да ја погледнат секоја работен ден од 8-16 часот.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




