16 Декември, 2025
0.0499

Програма Гаранција презентирана во Охрид

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2016 13:45

Добивај вести на Viber

Постојан квалитет и точна количина на горивата што се продаваат на бензинските станици со брендот ОКТА, е резултатот од шестмесечните проверки кои се спроведуваат со Програмата Гаранција.

OKTA Programa garancija

Денес програмата беше официјално презентирана и пред охридската јавност. Присутните на настанот имаа можност да се запознаат со целиот процес на контроли и анализи што се изведуваат во рамки на програмата, а со тоа се гарантира квалитетот и количината на ОКТА горивата.

OKTA Programa garancija Ohrid„Досегашните резултати од спроведувањето на Програмата Гаранција покажаа стабилност во квалитетот и количината на горивата достапни на сите ОКТА бензински станици. Ова ни овозможи да ја потврдиме и зацврстиме довербата кај нашите потрошувачи и нè мотивира да продолжиме да ја спроведуваме програмата и понатака. Сега тие знаат дека секаде каде што ќе го видат знакот „Проверено”, контролата е направена до последна капка“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Мобилната лабораторија раководена од тим на независни контролори специјално обучен за оваа намена, спроведува редовни и ненајавени проверки низ целокупната малопродажна мрежа на ОКТА. Согласно програмата, тие прво изведуваат волуметарска проверка на автоматите за точење гориво. Следниот чекор вклучува квалитативна контрола односно одредување на специфичната густина и температура на испитуваното гориво. По ова се пристапува кон последниот дел од процедурата т.е. мострирањето. Мострирањето се состои од земање на примероци кои ќе служат за дополнителна проверка на квалитативните својства на горивата во соодветна акредитирана лабораторија. Анализите на квалитетот на горивата се вршат на самата бензинска станица, но и во лабораториски услови, со што се гарантира веродостојноста на примерокот и проверките.

OKTA Programa garancija Ohrid 3

Откако проверката ќе заврши и ќе се потврди квалитетот и квантитетот на горивата, автоматите за полнење гориво, се обележуваат со жолта лента за гарантирана количина на која пишува „Проверено”. Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива и сертификат.

Програмата продолжува да се имплементира и во наредниот период. Мобилната лабораторија заедно со тимот на независни контролори, континуирано и ненајавено ќе спроведува проверки низ целокупната малопродажна мрежа со брендот ОКТА.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив