ПРОМОТИВНО: Денарски депозити со каматна стапка до 4,90% во Охридска Банка Сосиете Женерал
Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2016 12:19
Охридска Банка Сосиете Женерал воведува нова и атрактивна промоција ‒ зголемени, растечки и гарантирани каматни стапки на денарски депозити за сите оние кои ќе одлучат да штедат и да ги орочат своите средства на 12, 24 или 36 месеци.
Промотивно, Охридска БанкаСосиетеЖенeралги зголеми каматните стапки на денарските депозити кои дополнително и прогресивно растат по периоди, односно на секои три или шест месеци, во зависност од времетраењето на орочувањето.
Имено, клиентите, кои ќе се одлучат за денарски депозит на12 месеци, добиваат растечка каматна стапка на секои три месеци од 1% во првото тромесечие до 3,50% во последните три месеци.
Следствено на тоа, за денарски депозит на 24 месеци, висината на каматната стапка расте од 1,20% во првите шест месеци до 4,25% во последните шест месеци. А за денарските депозити на 36 месеци каматната стапка почнува со 1,40% во првите шест месеци и достигнува атрактивни 4,90% во последните шест месеци од штедењето.
Дополнителна придобивка за клиентите е што каматните стапки се фиксни и гарантирани за целиот период на орочување.
Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност, при што условите за штедење не се менуваат.
Промоцијата е збогатување на придобивките на денарскиот депозит Прогрес ‒ веќе постоен производ од широкото портфолио на производи и услуги на Охридска Банка СосиетеЖенерал.
Повеќе информации на www.ohridskabanka.mkи во сите експозитури на Охридска Банка Сосиете Женерал.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




