Промовиран новиот полнач за електрични автомобили
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2015
Денеска официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на катната гаража „Македонска фаланга".
На пуштањето во употреба на новата станица за полнење електрични возила присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој најави и други активности на Градот во областа на електромобилноста.
- Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и истата има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 kW (кило вати) по приклучок. Еден електро автомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга" на сите сопственици на електрични мобили е бесплатно. Градот Скопје ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување вакви полначи на паркинзите на ЈП „Градски паркинг", кажа градоначалникот Трајановски.
Со промоцијата на станицата за полнење на електрични возила, ПроКредит Банка АД Скопје ги промовираше и 5-те нови електро мобили кои ги набави за комецијална употреба во секојдневното работење, со што стана првата компанија во Македонија што користи електро мобили.
Градоначалникот Трајановски, за својот придонес во развојот и промоцијата на електромобилноста во Република Македонија, додели благодарници на:
-ПроКредит Банка АД Скопје (прва компанија во Македонија која има купено 5 електрични автомобили за комецијална употреба во секојдневното работење)
-Ванчо Зрнцев (Возило Матиз преправено во електричен автомобил
-Сашо Јовановски (Возило Чиквеченто преправено во електричен автомобил)
Инсталацијата на оваа станица е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов ЈП „Градски паркинг" има набавено две векви станици, за полнење електромобили, за што издвои 20.000 евра (10.000 евра од страница).
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/09/prokredit-banka-prva-institutsija-koja-ke-vozi-elektronski-avtomobili-vo-makedonija/" target="blank" ] ПроКредит Банка-Прва институција која ќе вози електронски автомобили во Македонија[/button]
5 електрични автомобили од марката ,,Фолксваген,, модел Е-АП што значи ,,Комплетно електрично” кои не ја загадуваат животната средина пристигаат во Скопје во текот на месец Јули за потребите на ПроКредит Банка. Одлуката за воведување на електрични возила се дел од големата регионална иницијатива за здрава средина на ПроКредит Банките во Југоисточна Европа, во рамките на која беа набавени вкупно 50 возила на електрично полнење. Во текот на месец Април и Мај бесплатно беа поделени и ½ милион платнени торбички а воедно и беше спроведена голема кампања за едукација на граѓаните против употреба на пластика.
Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка, Македонија изјави: ,,Комплетно сме посветени на здрава и чиста околина и сме во чекор со современите трендови во технологијата. Ќе стигнеме до клиентите брзо и ефикасно, и без употреба на гориво. Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната Управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели.
Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата.
ПроКредит Банка од 2003 година со сега е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина.