15 Јануари, 2025
0.0290

Промовирана електронска наплата во автобусите на ЈСП

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска  на прес-конференција го промовираа проектот за воведување Систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата  во автобусите на јавниот градски превоз.

Promocija juli elektronska kartica (1)

- Со воведувањето на овој револуционерен Систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани  ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Системот овозможува од контролен центар  да се следат автобусите  во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, односно за секој автобус ќе има една линија на која ќе се следи неговото движење,  како и да се добие реална слика за бројот на патниците по категории. Системот, исто така,  дава можност за воведување  нов тарифен систем и нови типови на билети, односно два типа на картички, преносливи и картички со фотографија. Во прво време истиот ќе почне да функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем. Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси,  од кои 380  автобуси на ЈСП- Скопје, а 120 на приватни превозници,  и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП. На автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз. Средствата од продажбата на автоматските билети ќе ги добива Градот Скопје, а на превозниците Градот ќе им префрла средства по поминат километар. Имплементацијата ја врши конзорциумот од Македонски телеком, Маргенто од Словенија и ИКОМ од Бугарија. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот пробно да почне да функционира во месец август во автобусите на ЈСП, а во приватните автобуси  од 1 јанури 2016 година. Се надеваме дека со воведувањето на овој современ систем ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите и на граѓаните ќе им овозможиме побрз и поквалитетен превоз - истакна градоначалникот Трајановски.

Promocija juli elektronska kartica (5)

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, потенцираше  дека на граѓаните им се нудат два типа на картички: Скопска (пренослива картичка без фотографија) и Моја Скопска ( сопствена картичка со фотографија). Тој истакна  дека граѓаните ќе можат овие картички да ги набават од 8 центри: Бит-пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, Карпош 2 и дирекција на ЈСП (Шумарски факултет и Транспортен центар), ќе имаат на располагање 60 локации за дополнување на картичките, а ќе се постават и 3 самостојни автомати за дополнување на картичките.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, изјави дека со воведувањето на оваа смарт картичка, која ќе содржи заштитен  чип кој ја прави безбедна за користење,  Градот Скопје  е чекор  поблиску да стандардите на паметен град како и светските метрополи.

Promocija juli elektronska kartica (4)

Со воведувањето на овој систем  патниците ќе имаат големи придобивки  поради навремено добивање информации поврзани со патувањето и тоа за: тековната и следната постојка, како и некои други  битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично).

Исто така, на  автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира