Пронајдено е телото на еден од исчезнатите косовски полицајци
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 18:15
Во водите на реката Лепенец попладнево по 16 часот пронајдено е телото на еден од двајцата косовски полицајци, кои се водеа како исчезнати откако возилото во кое се наоѓаа излета во реката.
„Телото е пронајдено на пет километри од местото на несреќата. Телото се уште не е идентификувано“ – соопшти портпаролот на регионалниот полициски комесаријат во Урошевац, Агим Гаши.
Како што јави дописникот на МИА, денеска во потрагата по полицајците се вклучи и еден од најдобрите косовски нуркачи Исмаил Касуми, кој претходно тврдеше дека не е можно речната струја да ги однела телата на полицајците на македонска територија.
Двајцата полицајци, Арменд Трена (23) и Малесор Даши (26) од Полициската станица во Качаник, вечерта на 28 април за време на патрола на излез од градот, од засега непознати причини со службено возило излетале од патот во амбис длабок 150 метри и завршиле во водите на Лепенец.
По барање на косовските власти во потрагата на телата на полицајците беше вклучено и македонското Министерство за внатрешни работи, на територија на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




