Проширување на топлификациона мрежа-Причина за сечата на липи во Карпош
Објавено во: Македонија 21 Август, 2015
Денес изреволтирани граѓани на социјалните мрежи објавија низа фотографии како во општината Карпош, поточно на раскрсницата меѓу „Партизански одреди“ и „Рузвелтова“ кај „Симпо“.
Причината за исечените дрвја била реконструкцијата и проширувањето на топлификационата мрежа која ја започна БАЛКАН ЕНЕРЏИ .
Од оваа компанија велат дека согласно годишниот план започнале со реконструкција на дел од магистралниот топловод на потегот од улицата Рузвелтова до булеварот Партизански одреди, кај „Симпо“, а постоечкиот вод е изграден во далечната 1974 година и е дотраен, со недоволен капацитет за квалитетно снабдување со топлинска енергија на граѓаните во голем дел од општината Карпош.
Во соопштението испратено до нашиот медиум од БАЛКАН ЕНЕРЏИ велат дека проектантите направиле се да се зачуваат дрвјата, но технички било неопходно да се отстранат за да се изведе реконструкцијата и дрвјата биле исечени согласно законските процедури и по добиените дозволи од надлежните институции.
Откако ќе заврши целосната реконструкција на топлификационата мрежа од БАЛКАН ЕНЕРЏИ велат дека ќе засадат три пати поголем број на дрвја, и апелираат за разбирање на напорите кои ги прават со цел подобрување на квалитетот и сигурноста во испораката на топлинска енергија до корисниците.