ПРОТЕИНСКА ИНОВАЦИЈА ОД ВИТАЛИА: Sport Bar и Sport muesli – за врвни физички перформанси
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2014 13:04
Диеталните влакна и протеините се потврдени состојки во креирањето на ситост и градењето на мускулна маса. Токму затоа Виталиа ја создаде новата линија Sport Bar и Sport muesli - единствениот протеински бар и мусли на пазарот кои нудат богата содржина на нутриенти специјално дизајнирани за спортски активните лица. Како извор на протеини, јагленохидрати и масти, ги задоволуваат потребите за брзо ослободување на енергија и постигнување на оптимална телесна тежина.
Sport Bar е понуден во две варијани и тоа посен и регуларен, при што потрошувачите можат да
изберат два вкуса: ананас и чоколадо. Протеинскиот состав е извонредно богат во просек 20g во 60g бар (или 30% протеини). Оригиналноста на продуктот е и во содржината на суперхрана и тоа киноа и хељда кои дополнително ја зајакнуваат нутритивната вредност на продуктите.
За оние кои сакаат протеински оброк во форма на мусли Виталиа го разви Sport кранчи мусли со вкус на кокос и темно чоколадо кое ги има истите важни атрибути како и Sport баровите.
“Виталиа процени дека е вистинско време на своите потрошувачи да им понуди протеинска иновација, формулирана од здрави и природни ингридиенти, која ќе допринесе за зголемување на физичките перформанси. Нашите потрошувачи се секогаш во центарот на вниманието, а новата здрава SPORT протеинска линија на Виталиа е поддршка во нивната определба на најздрав начин да ги постигнат посакуваните врвни резултати, изјави г-ѓа Искра Ветаџокоска Муцунска, ко-сопственик на Виталиа.
Ефектите од конзумирање на Спорт линијата се воочуваат преку зголемувањето на физичките перформанси на телото, т.е зголемување на силата и мускулната маса, во надополнување на потрошената енергија на организмот за време на активностите и олеснување на тегобите од напорните тренинзи. Со новата протеинска линија Виталиа внесува нова возбуда и квалитет во исхраната на спортски активните потрошувачи. Виталиа го најавува и летниот спортски карван на дегустации на новата линија, а секој оној кој е физички активен во овој период ќе има можност да биде дел од истиот.
Иновативноста и оригиналноста на новата спорт линија на Виталиа ќе ја зајакне врската помеѓу потрошувачите и нивната доверба во брендот Виталиа како лидер во својот сегмент целосно посветен на здравјето на своите консументи, велат од компанијата.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




