Протестот формално завршен, хулигани се обидуваат да направат нереди
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2015
Вечерашниот протест формално е завршен.
Дел од медиумите пренесуваат дека пред Собрание се појавиле хулигани меѓу кои имало и навивачи и почнале да фрлаат со шишиња кон Собрание, додека активистите кои досега мирно протестираа ги убедувале да се повлечат и со жив штит го бранеле полицискиот кордон.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/06/janeski-se-beshe-vo-red-do-21ch-i-togash-pochna-neshto-chudno-da-se-sluchuva/" target="blank" ]Јанески: Се беше во ред до 21ч! И тогаш почна нешто чудно да се случува![/button]
Хулиганите им се заканувале и на новинарите кои ги снимале , лицата им биле покриени а носеле и торби со камења.
Утре во 18 часот продолжува протестот во кој поддржувачите и семејството на Мартин Нешковски браат оставки од надлежните поради прикривањето на случајот со Мартин Нешковски.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/06/video-galerija-atmosfera-od-deneshniot-protest/" target="blank" ](ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Атмосфера од денешниот протест пред Собрание[/button]