16 Декември, 2025
0.0703

ПРОВЕРЕТЕ: Ако се наоѓате на оваа листа веднаш добивате работа и ВИЗА во Австралија!

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2016 11:42

Добивај вести на Viber

Листата на дефицитарни занимања во Австралија (SOL листа) ги идентификува занимањата кои ги исполнуваат среднорочните и долгорочните потреби на австралиската економија.

Независни имигранти со вештини се потребни за овие занимања и помагаат во исполнување на потребата за пазарот на труд кои не можат да бидат исполнети преку миграционите шеми на спонзорства од страна на работодавачот или државата или преку вработување на државајни на Австралија.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/05/20/eve-shansa-avstralija-bara-rabotnitsi-od-stolari-do-arhitekti/" target="blank" ]ЕВЕ ШАНСА: Австралија бара работници, од столари до архитекти![/button]

Во моментов постојат 191 занимање на оваа листа. Сите занимања на оваа листа можете да ги погледнете овде.

Вашата професија мора да се наоѓа на SOL листата на дефицитарни занимања доколку аплицирате за

-независна миграција врз основа на собирање бодови (Skill Independent viza 189)

-485 виза (привремена виза за дипломирани студенти- graduate work stream)

-489  (Skill Regional Provisional viza –спонзорирана од страна на семејство (family stream)

Кој ја ажурира SOL листата и каков е начинот на ажурирање?

Секоја година Австралиската агенција за труд и продуктивност (AWPA) ја прегледува и испитува SOL листата и како резултат на овој преглед таа секогаш се ажурира на 1 јули.

Кога оваа агенција ја разгледа „SOL“ листата косристи комбинација на макро економски податоци, податоци за пазарот на труд и се советува со релевантни индустриски органи како би ги идетификувала дефицитарните занимања во Австралија. Врз основа на квалификациите се работи на осигурување на добар спој помеѓу понудата и побарувачката за дефицитарни занимања на среден или долг рок во Австралија.

Овогодишниот преглед вклучувал мислења на многубројни синдикати, асоцијации и низа професионални здруженија во Австралија.

При пружањето совет за тоа кои занимања треба да бидат вклучени во SOL листата, австралиската агенција на труд и продуктивност ги зема предвид факторите како што се ниво на вештина на одредување на професијата, потребно време за развивање на вештината, дали вештините се распоредени за планирана употреба како и економско влијание од недостаток на вештини во одредени занимања.

Какви опции постојат доколку вашата професија не е на SOL листата?

Доколку вашето занимања не се наоѓа на SOL листата, можеби сте квалификувани за виза преку номинација од страна на државата или територија или спонзорство од страна на работодавач.

Треба да се напомене дека SOL листата важи само за независна миграција врз основа на квалификација  (Independent Skill Migration).

Работодавците како и државата и територијата во Австралија имаат пристап до поширок опсег на занимања во рамки на консолидираната листа на спонзорирани занимања (CSOL list). Австралиската агенција на труд и продуктивност не учествува во изработката на оваа листа (CSOL list).

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/27/video-faktor-vi-otkriva-kako-da-aplitsirate-za-rabota-vo-avstralija/" target="blank" ] Фактор ви открива: Како да аплицирате за работа во Австралија[/button]

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив