05 Октомври, 2024
0.0275

ПРСТОТ НА АПАСИЕВ Е НА ЦРВЕНОТО КОПЧЕ „ПРОТИВ“: Левица ќе гласа против изборот на техничка влада

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на неговиот ФБ профил објави фотографија од неговото место во собраниската сала, односно од мониторот на кој е испишано: Точка 1 Избор на Влада на Република Северна Македонија. Неговиот прст е вперен кон црвеното копче; „против“.

Тој и процедурално се обрати до новиот собраниски спикер:

,,Кој од вас двајца постапува правилно? Дали Талат Џафери, со двојазичност за која протестиравме три години, или вие со еднојазичноста? Бидејќи не може од етничката припадност на функционерот да зависи примената на законите!

Според членот 44 од преодни и завршни Одредби од Законот за Влада, кој вели дека заради организирање избори на пратеници, Собранието по предлог на претседателот на Владата, сто дена пред одржувањето избира техничка или преодна Влада - Џафери сè уште не е претседател на Влада и не го исполнува законскиот услов да продолжи Влада!?

Веќе за наредна недела имате закажано седници (комисиски) за административни службеници, вработени во јавен сектор, национални агенции, академии за судии, закон за трговски друштва, НБРМ, МАНУ, нотаријат, шуми... Што е ова, на овие државни институции, во контекст на идните избори!? Каква е таа техничка Влада, ако продолжува со редовна работа до самите избори - па нели е само за организирање избори?", праша лидерот на Левица.



Можеби ќе ве интересира

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне