Прво па машко на новиот менаџмент на ЕСМ! Транспарентноста се враќа на голема врата со сајтот www.esm-prodazba.mk
Објавено во: Економија 18 Септември, 2024
Тоа што Васко Ковачевски и неговиот наследник во ЕСМ го криеја како змија нозете новиот менаџмент на државниот производител за струја го прекина. Сите податоци за набавка на струја се повторно јавни и транспарентни. Потег за почит!
Новиот управен одбор на државното претријатие за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) направи значаен потег во подигање на транспарентноста и враќање на угледот на компанијата. Тоа е факт и „Фактор“ јавно го поздравува тоа. Новото раководство на ЕСМ подигна сајт www.esm-prodazba.mk на кој почна јавно и транспарентно да ги објавува сите податоци за набавките на електрична енергија.
Претходното раководство на ЕСМ предводено од битолчанецот Васко Ковачевски, своевремено пред две години, го укина сајтот на кој ЕСМ ги објавуваше сите податоци за набавка на струја. Тоа е периодот во кој ЕСМ набави струја за повеќе од 250 милиони евра кои беа обезбедени од државниот буџет. Најголем набавувач на ЕСМ тогаш беше извесна албанска фирма која сега повеќе и не се јавува на тендерите воопшто.
За тоа дали ЕСМ плаќа скапо или не за струјата што ја купува на тендер може да се дискутира и секој има право да изнесе аргументација за да го поткрепи својот став. Но тоа дека актуелниот директор на ЕСМ Лазо Узунчев смогна сили и ги направи повторно транспарентни резултатите од набавките за струја е факт кој многу говори за намерите на новото раководство на компанијата.
Така е и за последниот тендер на кој ЕСМ ќе плати 3,8 милиони евра за струјата што ја набавува за период од 13 дена. Моќноста што се набавува е 150 мегавати, а намената е да се премости периодот на ремонт на еден од блоковите во РЕК Битола.
Сите детали на последната аукција се достапни на следниот линк https://esm-prodazba.mk/wp-content/uploads/2024/09/REZULTATI-18.09-30.09.2024-_za-objavuvanje.pdf
Вредно за истакнување е тоа што на овој тендер ЕСМ авансно плаќа за набавената електрична енергија, а тоа е добар финансиски показател за неговата ликвидност. Затоа што на тој начин ќе има поздрава конкуренција на тендерите, која пак ќе донесе и пониски цени за набавка на струја.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.