15 Јануари, 2025
0.0303

Психолошка поддршка за жителите од поплавените подрачја

Објавено во: Македонија 17 Август, 2016

Добивај вести на Viber

И по десет дена од страотното невреме кое го зафати скопскиот регион на терен сликата е очајна. Многумина кои останаа без своите блиски, а и оние кои претрпеа сериозни материјални штети сеуште се во шок- што им се случи и зошто судбината се поигра токму со нив. За овие болни прашања според психолозите треба да се побара стручна помош преку која полесно ќе можат да ја пребродат маката и болката. Психологот Мирјана Јовановска-Стојановска за Фактор вели дека на терен затекнала луѓе на чии лица има доминантно чувство на изгубеност, збунетост, луѓе посрамени до кое дереџе се дојдени за да им даваат помош. Со нив вели треба да работат професионални тимови за да не потонат во очајот и стравот, за да се олесни душата и да се научат нови животни вештини како да се справат со ваков стрес. Таа со уште педесетина колеги од Комората на психолози секојдневно е на терен и според она што го забележале потребата за помош е голема и неопходна.

бббб

„Неверојатна слика на само неколку километри од центарот на градот каде кафулињата и рестораните се полни со насмеани размуабетени луѓе вратенио од одмор кои ја надвикуваат гласната музика раскажувајќи за морето сонцето, цените проводите дешавките по патот. Во Синѓелич и Стајковци каде што бев со екипата на Комората на психолози имаше калливи улици, непријатна миризба, куќи полни со тиња, по улиците купови на калливи животи: тенџериња, теписи, душеци, огледала, алишта и се што може да има во една куќа која мачно со години се куќи. Луѓето имаат лица на кои доминантно чувство е изгубеност, збунети, посрамени до кое дереџе се дојдени да им даваат помош. Пробаат да одржат некое ниво на расположение да не потонат во очајот и стравот” - додава психологот Јовановска-Стојановска.

ддд

Материјалните штети објаснува дека се огромни и тешко ќе биде во животот да се надокнадат, но штетите по менталното здравје ќе бидат подолготрајни и ќе им го пореметуваат животот на жртвите на овие трагични поплави долго време.

„Секој нешто изгубил, секој доживеал силен стрес, секој доживеал силни емоции на страв, немоќ пред стихијата, очај. Најсилно спомените со силни емоции ќе се вреже кај оние кои ги изгубиле најмилите и домовите. Тие сеќавања ќе водат кон тоа што постојано одново и одново ќе го преживуваат трауматскиот настан и одново и одново ќе си ги оживуваат истите емоции. Ваквите постојани секавања и преживувања ќе ги намалат способностите на луѓето да живеат во моментот, сега и овде со што многу ќе се намали квалитетот на живеење.Секако дека разговорот е најдобриот начин да се олесни душата, но за жал тоа не е секогаш доволно за да се намали внатрешната болка и притисок. Тогаш е потребна стручна помош. Тренирани и обучени психолози за психолошка интеревенција во криза ќе им помогнат на луѓето не само да раскажат туку да ги доведат во состојба која ќе биде поволна за да понатаму го подолжат животот”- објаснува психологот.

Постојат веќе одредени методи, постапки, начини како се работи со жртви на вакви природни непогоди. Комората на психолози како што вели одржува обуки за психолошка интервенција во криза на сите свои членови кои се пријавиле да волонтираат во постраданите подрачја. Досега Комората немала создадено тимови за кризна интервенција и покрај големиот потенцијал од обучени психолози спремни да интервенираат. Пријавени се околу 50 психолози волонтери што ќе ја поминат обуката и ќе излезат на терен, но според проценките во поплавените подрачја потребата за помош е поголема од онаа што можеме сега да се понуди.

„Обуката ги оспособува психолозите за првите чекори во работа со луѓе-жртви на трауматски настани. Понатаму ќе има уште обуки кои ќе бидат посеопфатни и подлабоки. Семејствата кои изгубиле свои блиски се најтрауматизирани од сите жртви на поплавата. Стихијата им ги земала најмилите и нема утеха затоа што нема поправен. Тоа е нешто крајно, завршено и многу болно. Што и да се прави, оние што ги земала стихијата нема да се вратат. Таа конечност изгледа многу страшна. Постојат кризни центри, постои Комората на психолози, постојат лекарски друштва, Комора на лекари, Црвен Крст постојат доволно институции владини и невладини чии членови кога би имале постојан тренинг и обука би биле многу ефикасни во пружање помош. За жал вистинска е поговорката дека маката ќе те научи на се. Еве ние сега учиме од оваа катастрофа. Се надевам дека никогаш повеѓе нема да ни затребаат тие обучени луѓе и тимови. Сега ќе си ја одработат работата”- нагласува Јовановска-Стојановска.

Вакви стучни психолошки тимови за работа во криза со луѓе од настрадани подрачја во европските земји се редовна пракса. Тие вели имаат посебни тренинзи и обуки за кои се двојат посебни фондови од државниот буџет, а луѓето погодени од несреќи несмеат да бидат оставени сами на себе.

„Во европските земји има вакви тимови со една разлика што кај нив тоа и функционира. Без разлика каде припаѓаат, тимовите се во постојан тренинг и учење за подобрување на своите способности да интервенираат во криза. Се двојат пари од буџетот за да се финансираат и одржуваат тие тимови”- додава психологот Јовановска-Стојановска.

ццц

Настаните според неа завземаат меморија онолку колку што носат значење за човекот.Ваков трауматски настан ќе остане врежан во сите луѓе кои на било каков начин биле зафатени од невремето и бесните матни води, па затоа жителите на сите погодени места не треба да стравуваат или да се срамат да побараат стручна помош која ќе им помогне полесно да ја пребродат и да се соочат со последиците од загубата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира