15 Јануари, 2025
0.0273

Пунктовите за хуманитарна помош се затвораат, донирајте во Црвен Крст

Објавено во: Македонија 09 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Неофицијалните пунктови каде граѓаните собираа химанитарна помош од денеска ќе бидат затворени, а помош за погодените од силното невреме ќе може да донирате во магацините на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето Наум Наумовски Борче.

За ова денеска соопштија од Црвениот крст, дополнувајќи дека  од таму активистите на Црвен крст со камиони ќе ги дистрибуираат директно до оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

„Целата организација околу донациите од денеска ќе ја преземе Црвениот крст. Секој што сака да донира, тоа може да го направи во Момин Поток или училиштето Наум Наумовски Борче, а ние од таму со камиони ќе носиме од куќа до куќа“, велат од Црвен крст.

Што им е најпотребно на погодените  од невремето?

Најпотребни продукти се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.

Претходно, на социјалните мрежи се појавија обвинувања и негодувања дека хуманитарната помош донирана од граѓаните, која доброволци ја собираа на неколку пунктови во Скопје, не им се дава на оние на кои им е најпотребна, туку се препродава или пак се остава сред село и секој си зема она што сака без оглед дали има потреба од тоа, а голем број граѓани од поплавените подрачја не можеле да стигнат до вода или облека. Некои граѓани даваат предлози, продуктите да се обележуваат со маркер за потоа да не можат да се продаваат.

Досега вкупно се собрани 139.885 евра од кои 52.308 од Фондот на солидарност  и 87.577 од телефонскиот број за донации.

Жиро сметката на Фонд на солидарноста каде што граѓаните можат да донираат е 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Податоци за сите кои сакаат да донираат во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Од Црвениот крст апелираат граѓаните да ги следат инструкциите за помош за поефикасно справување со последиците од несреќата.

Можеби ќе ве интересира

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....