„ПУТИН Е УБИЕЦ“ И „РУСИЈА БЕЗ ПУТИН“: Стотици луѓе присуствуваа на погребот на Навални
Објавено во: Свет 01 Март, 2024
Стотици луѓе имаше на погребот на рускиот опозиционер Алексеј Навални во рускиот главен град Москва и покрај силното полициско присуство.
По пристигнувањето на мртовечкото возило во црквата, преносот на погребот во живо на интернет покажа дека соработниците го носат ковчегот, а толпата аплаудирала и скандирала: „Навални, Навални!“. Луѓето извикуваа дека Путин е убиецот и дека е потребна Русија без Путин.
Неговото семејство и соработниците се бореле со властите околу ослободувањето на неговото тело по неговата сè уште нерешена смрт во казнената колонија на Арктикот.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги повика собраните во Москва и на други места да не го прекршуваат законот, велејќи дека „неовластените (масовни) собири“ се кршење на законот. Поддржувачите на Навални објаснија дека неколку цркви во Москва одбиле да ја одржат службата пред неговиот тим да добие дозвола од една во областа Марино во главниот град, каде што некогаш живеел пред неговото труење во 2020 година, лекување во Германија и последователно апсење по неговото враќање во Русија.
Мајката на Навални, Људмила Навалнаја, осум дена се обидуваше да ги натера властите да го дадат телото по неговата смрт на 16 февруари во казнената колонија број 3 во градот Харп, во регионот Јамало-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва.
Властите првично рекоа дека не можат да го предадат телото бидејќи морале да направат обдукција. Навалнаја (69) испрати видео апел до претседателот Владимир Путин да го ослободи телото за да може достоинствено да го погреба својот син.
фото принтскрин