Добивај вести на Viber
Со кампањата „Заедно до подобри резултати“, Рамстор Македонија ги охрабрува сите лица со оштетен слух, говор и глас да се придружат на тимот и да бидат дел од успешните вработувања.
Трети декември е Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Со кампањата за вработување, Рамстор истовремено го одбележува денот и ја продолжува праксата за општествено одговорна компанија која ги негува релациите со сите страни и ги почитува различностите.
„Нашата компанија Ве охрабрува и Вие да бидете дел од нашиот тим на успешни вработувања. Со задоволство ги покануваме лицата со оштетен слух, глас и говор да аплицираат за работни места во некој од нашите маркети. Претворете ги Вашите потреби во предност заедно со тимот на РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА“, изјави директорката на Одделот за човечки ресури на Рамстор, Костанца Мијалкова.
Сите заинтересирани лица, можат да ја поднесат својата кратка биографија и мотивационо писмо на:
hr@ramstore.com.mk или на адреса ул. Свети Кирил и Методиј бр.13, 1000 Скопје.