РАНГ ЛИСТА: Кои се најдобрите места за инвестирање во имот во Европа?
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2024
Главниот град на Литванија, Вилнус ветува просечен доход од изнајмување од 6,44 отсто. според најновите податоци за Global Property Guide.
Цените на кириите се високи – повеќе од 170 отсто од оние во 2015 година, според Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД. Данокот на приходот од изнајмување е умерен – 15 отсто. На странците не им е ограничено да купуваат имот.
Цените се зголемија за повеќе од 10 отсто во вториот квартал од 2024 година во споредба со претходната година, според Евростат, а трендот најверојатно ќе продолжи, обезбедувајќи добар поврат на инвестицијата.
Естонија е рангирана на второ место според изборот за инвеститори. И на нерезидентни лица во балтичката држава им е дозволено да купуваат имот во градот. Трошоците за купување, вклучувајќи ги даноците, се сметаат за ниски и се од околу 1,3 отсто. Во исто време, цените за изнајмување се релативно високи, со годишен бруто принос од изнајмување од околу 4,5 отсто и данок на доход од 20 отсто. Со зголемување на цените на недвижностите за 6,7 отсто до јуни 2024 година, вредноста на инвестицијата може дополнително да се зголеми.
Романија е рангирана на третото место во овој извештај, каде што предностите вклучуваат релативно евтини дополнителни трошоци за купување, многу ниска просечна стапка на данок на доход од изнајмување од 10 отсто и релативно висок бруто приход од изнајмување од 6,46 отсто годишно.
foto Wikipedia/BigHead
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.