Добивај вести на Viber
Надлежни екипи се на терен, и денеска се работи на расчистување на зафатените подрачја од поплавите на 6-ти август.
Во Синѓелиќ од денеска ќе се работи и на санација на оштетената инфраструктура, односно ќе се санираат цевките во отворените канали и ќе се оформат премини преку каналите за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот.
„Денеска почнуваме со санација на цевките во отворените канали во Синѓелиќ и со санација на премините преку каналите за да овозможиме нормално одвивање на сообраќајот. Сакам да се заблагодарам на сите компании што донираа цевки и градежни машини и помогнаа во справувањето со последиците од поплавата. Се оспособува и улицата кон Камник. Можам да потврдам дека на терен веќе се гледаат резултатите од активностите за расчистување. Сметот и градежниот шут интензивно се расчистува со механизација, а улиците се мијат со цистерни. Во тек се и активностите за дезинфекција на домовите. Упатувам благодарност до моите колеги градоначалници што ни испратија цистерни и сакам да ги повикам и останатите градоначалниици што располагаат со ваква механизација да помогнат во овие кризни моменти за Скопје“ – изјави градоначалникот Трајановски.
На терен се и проценителите на штетите од поплавата кои ги посетуваат погодените домови.