РЕАКЦИИ: Франција им штети на интересите на ЕУ
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019
Франција им штети на интересите на ЕУ, вели Европската народна партија.
Георги Готев од Еурактив на Твитер прокоментира: „Толку тажно. Денес ЕУ ја покажува својата моќ против Северна Македонија, наместо да ѝ покаже заби на Турција“.
Според Роланд Фројденштајн, директор за политика на Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, официјалниот аналитички центар на Европската народна партија (ЕПП), ставот на владата на Макрон ја изолира земјата, како уште една во низата „понови неуспеси на француската европска политика“.
Францускиот претседател, Емануел Макрон најави дека во следните месеци ќе ги посети премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.Македонија вчера во Брисел не доби датум за почеток на преговори, но на ова прашање ЕУ ќе се наврати идната година на самитот во Загреб.
„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, изјави Макрон, додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.
Тој рече дека бил против одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапни преговори, со обрaзложение дека тоа би предизвикало насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија, туку во сите земји каде има албанско малцинство.
Читајте уште