РЕАКЦИЈА на Град Скопје: Обвинувањата на општина Центар се неосновани
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2015
Откако денес инцпекциски надзор влезе во седиштето на владеачката партија и констатираа дека балконот од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ не бил внесен во урбаната опрема, а сепак е изграден и пуштен во употреба од град Скопје остро реагираат на обвинувањата.
Тие велат дека сите обвинувања на инспекторот Кочо Стојчески од Општина Центар се неосновани и паушални, во кои истиот покажува елементарно непознавање на законските прописи во Република Македонија и грубо манипулира со јавноста.
Тие велат дека ја повикале надлежната инспекција од Општина Центар да направи увид во целокупната документација поврзано со објектот, но инспекторот Стојчески не се појавил за да ги образложи неговите неосновани обвинувања.
Покрај нивното тврдење дека целата постапка е во согласност со законите раководителот на секторот Кочо Стојчески рече дека иако деловниот простор на градбата е веќе пуштен во употреба, за балконот е дадено противуправно одобрение од Град Скопје.
Дали тој ќе биде отстранет зависи каква одлука ќе донесе општинскиот инспекторат во наредниот период.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека постапката за изградба на обејктот е целосно транспарентна.
,,Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи. Врз основа на закон за настрешницата град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија.“ – се вели во нивното соопштение.