16 Јануари, 2025
0.0334

Реџепи бара институциите да покажат дека се во служба на правдата

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Откако вчера кулминираше судирот околу пари помеѓу Ибрахим Шабани разрешениот скопски муфтија и  реисот на ИЗВ Сулејман Реџепи, при што ИВЗ се соочи со верски пуч, реисот Реџепи повика на реакција од институциите.

Тој после средбата со Ријасетот, во присуство на 12 муфтии, кои дискутираа за инцидентот во седиштетото на заедницата вели  дека институциите мора да преземат мерки за да ја зачуваат  Исламската верска заедница.

Реџепи посочи дека за ова прашање зборувал и со премиерот и очекува државните органи да го ослободат седиштето на ИВЗ, а за ова ја информирал и меѓународната заедница.

„Се работи за политички злоупотребена група која поттикнува конфликт помеѓу Албанците и муслиманите меѓу себе. Тие луѓе ја немаат и ја немале таа храброст. Тие се бедни, но, за жал, се плашам некој да не ја злоупотреби општата ситуација во Македонија како џокер, за да ја влоши и онака кревката ситуација во земјата“, изјави Реџепи кои се сомнева дека групата што вчера влезе во зградата на ИВЗ имала поддршка и од полицијата.

Тој повика на воздржаност и додаде дека верниците не треба сега да се обидуваат да ја преземат правдата во свои раце.

- Им давам можност на институциите на редот да докажат дека се во служба на правдата, пред Ријасетот да преземе чекори за враќање на имотот на ИВЗ - додаде Редџепи.

Имнено, вчера Ибрахим Шабани, разрешениот скопски муфтија и поранешниот генерален секретар на Исламската Верска Заедница Африм Тахири упаднале денес со повеќе од 50 вооружени лица во седиштето на ИВЗ во Скопје и соопштија дека во иднина тие ќе управуваат со таа организација.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира