РЕКТОРОТ ЈАНКУЛОВСКИ ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР: Ќе се подигне стандардот на универзитетските професори, тие ќе бидат мотивирани да го дадат својот максимум

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022 14:00
Ректорот на УКИМ, Проф.д-р Никола Јанкуловски, е дециден дека потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на УКИМ и Собранието, е многу значаен чин за Универзитетот.
По тој повод тој до јавноста го испрати следново обраќање.
„Со оглед на тоа што високото образование е една од најважните продуктивни сили во општеството, сите сме свесни дека за да можеме да функционираме на повисоко ниво, здравствено и социјално, потребно е да произведеме и висококвалитетен кадар. За да имаме добри резултати на секое поле, мораме и да вложуваме постојано во него.
Потпишувањето на Колективниот договор на Синдикатот на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија е многу значајно за нас, од причина што универзитетските професори досега се чувствуваа запоставено. Се надевам дека нивните барања на овој начин се исполнети и тие ќе бидат поттикнати и мотивирани да го дадат својот максимум во образовниот процес.
Новиот Колективен договор ќе придонесе кон подигање на стандардот на универзитетските професори и иако сме сè уште далеку од израмнување на нашите плати со оние во соседните држави, ова е еден голем чекор напред и ќе се стремиме кон тоа да се избориме за уште подобар стандард и подобри услови. Морам да напоменам дека секое зголемување на платите на универзитетските професори ќе има голем удел и во подобрувањето на идното рангирање на Универзитетот и во поглед на натамошни објавувања на трудови со импакт-фактор, кое сега не се случува многу често, токму поради недоволно финансиски средства.
Му честитам на Синдикатот на УКИМ и се надевам дека во иднина ќе оствариме уште поголеми успеси“, вели во своето обраќање ректорот Проф. д-р Никола Јанкуловски.
Можеби ќе ве интересира
НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

ГЕОРГИЕВ ОД БРИСЕЛ: Бугарија е доследна, проширување ќе има само ако се почитуваат договорите

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на небезбедната зграда - без документација, без одобрение за градба“: Арсовска продолжува со шокантните објави
Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски
