19 Декември, 2025
0.0652

РУСКИ „НОРДВИНД“ СЕ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ДЕЛОВНА ЈАВНОСТ И ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ СВОЈАТА СОРАБОТКА СО ТА „АТЛАС ПЛУС“

Објавено во: Мои пари 11 Август, 2021 17:28

Добивај вести на Viber

Денес, во Скопје, рускиот авиопревозник „Нордвинд“  потпиша договор за соработка со ТА „Атлас плус“ членка на Македонско-руска стопанска комора, со што македонската туристичка агенција „Атлас плус“, станува генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар.

На деловниот настан за официјализирање на договорот и презентација на услугите на „Норвинд“, покрај претставници на обете страни, присуствуваа и претставници од амбасадата на Руската Федерација во РСМ, меѓу кои и трговскиот советник Владимир Хрисанфов и конзулот на Руска Федерација во РСМ Хизраев Шамил. Настанот со своето присуство и обраќање го збогати и Директорот на АППТРСМ Љупчо Јаневски. Чинот на потпишување на договорот, како и презентацијата се одвиваа пред одбрана публика и во присуство на претставниците на „Македонски дом“ Ина и Николај Жарови, претставникот на „Руски мир“  ‒  Артем Румјанцев, како и пред бројни претставници од туристички агенции и  од деловниот сектор во РС Македонија.

Договорот беше потпишан од страна на Олга Флигина – директор за продажба на Нордвинд како и Глеб Богданов – менаџер за односи со агенции на Нордвинд и Ирина Бешлиева – генерален директор на „Атлас плус“.

По потпишување на договорот, пред одбраната публика, авиокомпанијата „Нордвинд“ ги презентираше своите можности и понудата на услуги. „Нордвинд“ ја воспостави директната линија Скопје-Москва на 4 јуни (оваа година), со по два лета неделно – во понеделник и петок, со што по 20-годишна пауза, повторо се воспостави воздушната врска помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.

Од авиокомпанијата „Нордвинд“ изјавија дека се задоволни што доаѓаат во уште една балканска земја и се надеваат на нови патници. За време на презентацијата тие ги најавија и своите летови за период ноември 2021 ‒март 2022, како доказ за посветеноста и инвестицијата во овој пазар.

Воспоставувањето директна воздушна врска на релација Скопје-Москва, од страна на авуиокомпанијата „Нордвинд“ наложи потреба од избор на агенција – генерален агент за продажба. Со денешното официјализирање на потпишаниот договор, целокупната понуда на „Нордвинд“ ќе е отсега и официјално достапна преку реномираната туристичката агенција „Атлас плус“.

„Посебно е задоволството и честа, што нашата агенција е избрана од „Нордвинд“, ова е потврда на нашата професионалност и 20-годишна работа во оваа област, но ова е воедно и голема обврска и предизвик. Среќни сме што може да дадеме свој придонес за збогатување на понудата за македонските патници, но сакам да истакнам дека ние со посебен фокус ќе работиме на зголемување на инкаминг туризмот, бидејќи нашата соработка е секако двонасочна и во корист на обете земји. Изразувам благодарност за поддршката и довербата од страна на тимот на „Нордвинд“ и верувам дека заедно ќе нижеме бројни успеси“ – истакна во своето излагање Ирина Бешлиева – генерален директор на ТА „Атлас плус“.

=====================================================================

„Нордвинд еарлајнс“ ( Norwind Airlines) е една од најголемите авиокомпании во Русија со база на Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва“. Компанијата се одликува со флексибилна понуда на услуги како што се бонусите за лојалните корисници и други бројни предности. атници и деловни корисници

https://nordwindairlines.ru/ru

Туристичката агенција „АТЛАС ПЛУС“ Скопје,  е основана во Април, 2000 година. Во агенцијата работи искусен и обучен тим кој претставува основа за професионално и квалитетно работење. „АТЛАС ПЛУС“ е членка на:  Стопанската Комора за Туризам на Македонија (СКТМ); Асоцијација на туристичките комори на Македонија (АТАМ); Македонска-руска стопанска комора ( МАРУКО) и членка на Интернационалната авиотранспортна асоцијација (IATA)

Контакти: ТА Атлас плус , Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин број 48, Градски Ѕид блок 5 локал број 6, Скопје Тел.: +38923230311; +38923133766; +38978245334  Е-mail: contact@atlasplus.com.mk

https://www.atlasplus.mk/

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство