САД го притиска Скопје за расчистување на скандалот со прислушување
Објавено во: Македонија 17 Април, 2015
Македонија треба да направи истражување на можните индиции за „злоупотреба на службената положба“.
Ова е препораката дадена од официјалниот претставник на американската влада, кој беше во посета на Скопје, и оствари средби со државниот врв вчера, и денес со опозицијата.
Забелешката беше испровоцирана поради скандалот со протечените записи на телефонски повици, кои според опозицијата се доказ за контролата, која Владата ја врши врз судии, новинари и изборниот процес. Информациите за прислушување дојдоа од лидерот на опозицијата, кој вели дека ги „добил снимките од претставници на разузнавачките служби“.
Органите на редот и мирот го обвинија лидерот на Социјалдемократската партија во земјата, Зоран Заев за заговор и соработка со странски служби, чија цел била соборување на владата.
Според американскиот дипломат Хојт Ји властите во Скопје се должни да ја истражуваат содржината на наводните аудио снимки за кои се тврди дека содржат разговори помеѓу премиерот Никола Груевски, министри од неговиот кабинет и раководители на службите за безбедност, како и новинари, судии и верски водачи .
„Овие прашања бараат одговори и одговорност. Ја повикуваме Владата и одговорните институции да обрнат поголемо внимание на тврдењата и инсинуации за злоупотреби - барем толку сериозно како што Владата ги прифаќа обвиненијата против опозицискиот лидер Заев“, изјави дипломатот пред новинарите по средбата со премиерот Груевски.
Освен тоа важно е да се разјасни прашањето кој е одговорен за прислушувањето, коментира Ји.
Владата не потврди или отфрли дали всушност гласовите од записите припаѓаат на соодветните лица, но се стави под сомнение дека тие се сигурно доказ за какво и да е кривично дело. Кабинетот, исто така негираше дека е иницијатор на прислушување. Според Заев, прислушувањето е нарачано од самиот Груевски.
По избувнувањето на скандалот, претставници на двете главни партии во Македонија - ВМРО-ДПНЕ (на Груевски) и опозициската социјалдемократска партија на Заев оваа недела преговараа зад затворени врати во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.
Ова е втора ваква средба, која се одржува во ЕП, но според извори на „Balkan Insight“, напредокот во разговорите е минимален и се исцрпувчки а со сколоност на двете страни да се одржи последователна средба.
Опозициската партија на Заев го бојкотира македонскиот парламент по изборите во април 2014 година поради сомневањата во изборни измами.
Набљудувачите на преговарачкиот процес во Брисел се скептични и сметаат дека во иднина за постигнување на резултати ќе биде потребна интервенција на висок дипломат од ЕУ или САД.