05 Октомври, 2024
0.0357

САМО УШТЕ ЕДЕН ДЕН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕСНИЦИТЕ: Еве колку пари годинава одвои Владата

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Утре истекува рокот за пријавување за субвенции за весниците. Сите кои исполнуваат услови имаат само уште еден ден да ја докомплетираат докуметнацијата и да ја достават до Владата за да бидат вклучени во годинешниот пакет. Со овој повик, се реализираат средствата утврдени со програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2024 година.

-  Право на учество на јавниот повик имаат печатените медиуми од општ информативен карактер кои дневно објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани на територијата на Република Северна Македонија – стои во огласот. 

Учесниците на овој повик треба да достават докази за направените трошоци за печатење и за дистрибуција за 2023 година. Потоа потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за минатата година, но и потврда дека немаат отворено стечајна постапка, ниту пак постапка за ликвидација.

Како докази се бараат и потврда дека немаат забрана за вршење дејност, но и дека немаат санкција за вршење на професија. Треба да достават и поврда од регистрарот на издавачи на печатени медиуми од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Апликантите треба да докажат дека работеле најмалку три години пред овој повик.

Сите детали за условите и потребните докуметни, може да се проверат на веб страната на Владата.

Изборот на корисниците на средствата го прави комисија формирана од Генералниот секретаријат, врз основа на доставените барања и комплетната документација.

Висината на поддршката ќе се дефинира со договор меѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања. Сепак, е напоменато дека поддршката за печатење и дистрибуција на печатените медиуми ќе достигнува до 50 отсто за весниците на македонски јазик.

Додека, они кои се на јазиците на етничките заедници висината на поддршката ќе достигнува до 70 отсто за направени трошоци за печатење и исто толку за дистрибуција, согласно доставените докази за календарската 2023 година.

Иако во огласот не е посочено, податоците од платформата „Де јуре“ покажуваат дека и за оваа година во Буџетот на Македонија за оваа субвенција се планираат 10 милиони денари, или малку над 162 илјади евра.

Ова е најниската сума на финансии планирана за поддршка на весниците. Овој тип на субвенции почна да се применува во 2018 година, кога за истата беа потрошени 690 илјади евра. Следната, 2019 година сумата се зголеми на скоро 714 илјади евра, за веќе во 2020 година да се намали на скоро 487 илјади евра. Во 2021 година за поддршка на весниците беше одвоена слична сума, но 2022 има значително намалување на средствата и тоа на 324 илјади евра.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки