17 Декември, 2025
0.3155

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge – Единствено достапни за резервација во ВИП

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2015 12:48

Добивај вести на Viber

По само еден месец од светската премиера на еден од најочекуваните паметни телефони од последната генерација на напредни уреди, од денеска, со едноставна регистрација, корисниците на Вип можат да станат сопственици на еден од најпосакуваните паметни телефони во светот - Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge, веднаш по нивното пристигнување на македонскиот пазар.

Резервацијата може да се направи во било кој од продажните центри на Вип ширум земјата се до 31.03., при што корисниците ќе добијат и пригоден подарок за уште поголемо задоволство при користењето на својот нов паметен телефон – оригинален пакет на додатоци.

s6 vip

За Samsung Galaxy S6 и За Samsung Galaxy S6 Edge

Најтенките паметни телефони произведени од Samsung досега, во себе интегрираат бројни новитети во индустријата на паметни телефони и претставуваат придвижување кон сосема нов концепт на корисничко искуство, квалитет, дизајн и оперативни перформанси од досегашното портфолио на паметни телефони од компанијата.

Серијата S6 се паметни телефони со највисока резолуција на паметни телефони претставени на пазарот досега, благодарение на 5.1-инчниот QHD Super AMOLED екран, со резолуција од 557 пиксели.

Кон листата на пионерски чекори во технологијата на паметни телефони се додава и фактот што серијата S6 на Samsung поседува 14nm Samsung Exynos 7 окта мобилен процесор со 64-битна платформа, нов PDDR4 мемориски систем и UFS 2.0 флеш меморија, што гарантира подобри перформанси и подобрена брзина на меморијата со помала потрошувачка на енергија.

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge се изработени од стакло и метал, што им дава префинет и елегантен изглед на надворешноста. Тие поседуваат 16MP задна и 5MP предна камера со оптички стабилизатор, како и опција за автоматско одредување на светлината. Она што е новитет во овие модели е брзината на активирањето на камерата од 0,7 секунди, што дефинитивно ќе придонесе за моментално овековечување на сите моменти од секојдневието на корисникот.

Во низата на новитети се додава и технологијата на безжично полнење што овие модели ја промовираат, како и опцијата за брзо полнење, која на корисникот му овозможува да гледа двочасовно видео за десет минутно полнење.

Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 Edge ќе бидат достапни во продажната мрежа на Вип од 20.04.2015 по цена од 16.499 и 23.499 денари соодветно, во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив