19 Декември, 2025
0.0387

Самсунг отвори музеј на иновациите

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2014 09:43

Добивај вести на Viber

Корејскиот концерн за потрошувачка електроника Samsung Electronics Co. Ltd. отвори свој музеј на иновациите. Samsung Innovation Museum (S / I / M) е посветен на минатото, сегашноста и иднината на електрониката. Музејот, кој е лоциран во Свон, Кореја, им овозможува на посетителите да се запознаат со богатата историја на електрониката, почнувајќи од најраните електрични пронајдоци на Мајкл Фарадеј, Томас Едисон и Александар Бел, како и да  погледнат кон иднината и да научат повеќе за иновациите кои претстојат. Музејот на Samsung е уште еден обид на компанијата да го подобри својот имиџ , пишува технолошкиот блог Engadget . Компанијата на овој начин ја прослави и 45 -годишнината од основањето , забележуваат од своја страна The Verge . Samsung ја занемарува конвенционалната улога на музеите и претставува нешто друго : комбинација од традиционален музеј и изложбени сали , кои претставуваат некои од најиновативните моменти во технолошката историја. Музејот го одразува минатото и сегашноста во светот на технологијата и обезбедува поглед кон иднината - онаков каков што е дизајниран од Samsung - компанија која очајно сака да се смета за преседан , пишува уште The Verge . " Samsung Innovation Museum собра на едно место некои од вистинските историски ремек дела на иновациите во електрониката . Овие пронајдоци се атипични на технолошката основа , која ни овозможува да ги развиваме и подобруваме производите , кои денес го прават нашиот живот подобар " , изјави за време на отворањето О - Хјун Квон , заменик-претседател и извршен директор на Samsung Electronics , цитиран во соопштението . "Музејот им  овозможува на посетителите да видат каде сме тргнале, како и да  видат од каде ние во Samsung црпиме инспирација , за да продолжиме да создаваме производи , водечки во своите категории " . Саемот е со вкупна површина од 10 950 квадратни метри, сместено е на 5 спрата и е поделено на три изложбени сали, кои ги претставуваат минатото, сегашноста и иднината на електрониката. Во салите 1 и 2 посетителите можат да разгледаат повеќе од 150 историски експонати, додека во сала 3 се прикажуваат иновации од сегашноста и иднината. Во секоја сала е прикажана информација за изложените производи. Музејот располага и со сала за историјата на концернот. Таа се наоѓа на првиот кат и претставува корпоративната филозофија и историја на Samsung. Посетителите можат да научат повеќе за почетокот на компанијата, за надминати предизвици и за карактерот на "новата власт" што успешно ја трансформира компанијата, а и електрониката како индустрија. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство