Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022
Воведени се ограничувања за нови руски поединци и компании, како и за стоки „поврзани со хемиско оружје“.
Јапонија ја прошири листата на санкциите против Русија, a на удар е и семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев и премиерот Михаил Мишустин се меѓу повеќе од 80 лица на новата листа на санкции.
Министерството за финансии денеска објави нова црна листа, во која има бројни руски државјани и девет компании и организации, пренесува ТАСС.
Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија на 26 септември објави дека земјата ќе ги прошири санкциите против Русија, воведувајќи забрана за извоз на стоки и материјали „поврзани со хемиско оружје“.
Санкциите од јапонската влада од почетокот на војната во Украина се однесуваат на повеќе од 800 луѓе од Русија, над 200 руски компании и организации и 11 банки.
ЕУ претходно воведе повеќе сетови на санкции против Русија поради војната во Украина која почна на 24 февруари. Русија реагираше дека на овој начин сакаат да ја уништат.Можеби ќе ве интересира
МАСК ЈАВНО ГО ИСМЕА ЗЕЛЕНСКИ, СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОРАТ: „Кога ќе поминат пет минути, а не сте побарале милијарда долари помош“

ЗИМАТА И СНЕГОТ ПРИСТИГНУВААТ ВО ЕВРОПА: Попоски вели дека североистокот и истокот ќе бидат зафатени од првиот студен бран, а еве какво ќе биде во Македонија

БЕЗ ОВА ЗЕЛЕНСКИ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА: Украина останува без поддршка од најголемите сојузници, паниката никогаш не била поголема

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

Америка има план за Украина, тајни документи откриваат детали

Соседна земја на Македонија забрани влез на возила со руски таблички

Голем пожар во Исмаилија на Суецкиот канал, испратени воени авиони, повредени најмалку 30 лица
ИСЛАНД Е НАЈБЕЗБЕДНА ЗЕМЈА, СРБИЈА ИЗНЕНАДУВА! Еве каде е Македонија

СИНОТ НА ПРИГОЖИН ГО ПРЕЗЕМА ТРОНОТ НА „ВАГНЕР“? Павел Пригожин преговара со руската национална гарда
