Сауната е повеќе од задоволство. Таа е извор на здравје!
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2016 09:01
“Пирин Експорт е македонска компанија, семеен бизнис со традиција од 26 години. Иако првично дејноста на компанијата беше исклучиво трговија со првокласна Италијанска кожа за мебел и облека, условите на пазарот како и променливите трендови и вкусови на потрошувачите беа стимул за сопственикот и основач на компанијата, Емил Филипов храбро да се одлучи за влез во сосема нова дејност, а практично во Македонија прв да започне со дејноста за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба, објаснува за Фактор, Васил Филипов, управител на Пирин Експорт.
Како што раскажува тој, на почетокот, како и со секој новооформен “пазар”, побарувачката била многу мала, пазарот несигурен, а потрошувачите немале никакво искуство, а со тоа и доверба во бенефитите и карактеристиките на “новововедениот производ”.
“Првично интересот беше најголем за сауни (Фински и Инфрацрвени) за комерцијална употреба, односно за хотели, фитнес и мини спа центри. Но, по 5-6 години истраен маркетинг и присутност, побарувачката за сауни почна полека но сигурно да расте. Корисниците брзо ги осетија бенефитите од сауната, а приказната почна да се раскажува. Последниве неколку години, драстично е зголемена продажбата на сауни и за домашна употреба, при што клиентите најчесто бараат изработка на сауна по мерка соодветна на нивниот слободен простор, објаснува Филипов.
Развојот на пазарот, и зголемената побарувачка неминовно наметна да се воведат и нови програми како што се парни и турски бањи, базени (отворени и затворени), џакузи, топли лежалки итн.
“Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба… чини околу 2.000 евра (овој месец за само 1.800 евра промотивно), а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Ние креираме специјализирани индивидуални решенија согласно потребите и желбите на клиентот. Значи покрај стандардните модели, постојат и домашни сауни за попребирливите клиенти, чијашто цена достигнува и до 10.000евра, потенцира Филипов и додава дека во моментов домашниот пазар е во експанзија, а работат и на проекти надвор од земјата, пред се Косово, Грција…
Освен за индивидуална употреба, Пирин Експорт заедно со братската фирма Пирин Експорт СПА, се јавува како изведувач на повеќето СПА центри во Македонија. Од нив најпознати за јавноста се хотел Сириус СПА во Струмица кој воедно е најголем СПА центар на Балканот – по површина, потоа спа центарот во хотел Александар палас во Скопје. Нивниот потис го има и на спа центарот во хотел Радика, Маврово, хотел Гранд плаза и ТЦЦ плаза, во Скопје. “Во Охрид имаме работено на Хотел Тино, а минатата година и во новиот Хотел Тино Свети Стефан, потоа Ројал Вју, Милениум палас, Спа Клеопатра, Белви&Метропол, Силекс, Бел камен во Радовиш и многу други“ додава Филипов.
Mинатата година ја завршивме изведбата на спа центарот во новиот хотел Русија кој е во склоп на спортскиот центар “Јане Сандански“, а набрзо ќе биде пуштен во употреба и спа центарот во хотел МЕРИОТ, на плоштад Македонија, како најрепрезнтативна СПА изведба во земјава.
“Благодетите од користењето на сауна се многубројни, а меѓу нив се вбројуваат позитивното влијание врз општата состојба на духот и телото, длабинска детоксикација, намалување на напнатоста и стресот, подобрување на циркулацијата на крвта, а сауната позитивно влијае и на сонот и имунитетот. Медицинските лица ја препорачуваат сауната при повреда или истегнување на мускулите, лигаментите и тетивата, реума, артритис, хронична болка во вратот, грбот и мускулите. Ако со соодветна подготовка и предзнаење пробате само еднаш, ќе посакате сауната да стане дел од вашето секојдневие, како што станува за 100 тина нови корисници секоја година во Македонија, потенцира Филипов.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




