СДСМ ќе го гарантира откупот по маките на земјоделците со „ајварката“
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Татјана Прентовиќ, претседателката на комисијата за земјоделство на СДСМ, вети дека ако ја освојат власта државата ќе го гарантира откупот на земјоделските производи и оваа активност доаѓа веднаш по маките на земјоделците претежно од струмичкиот регион кои не можат да добијат цена повисока од 10 денари за ајварјката по што најавија протести.
„Знам дека црвената пиперка за ајвар во Ново Село и општо во струмичко деновиве се откупува по 10 денари. Тоа е двојно помалку од наводно договореното со посредство на министерот Цветков“ посочи Прентовиќ од СДСМ.
Опозициската партија вети и подобро посредување меѓу земјоделците и трговците.
„Ќе го гарантираме откупот на земјоделските производи. Ќе посредуваме во преговорите меѓу производителите и откупувачите. Најдоцна 30 дена пред почеток на откупот ќе ви биде договорена откупната цена. Ќе формираме и интервентен фонд за помош во кризни состојби при пласманот кога производната цена на земјоделските призводи е помала од откупната“, се дел од мерките кои ги најави СДСМ.