САМО ДА ГИ ЗАДРЖИ ВО ДРЖАВАТА
СДСМ ќе им дава 10.000 евра неповратни пари на младите за старт на бизнис
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Опозицијата денеска презентираше дел од својата изборна програма.
Акцентот го ставаат на младите со цел да ги задржат во државата.
Имено, од партијата на Заев планираат да овозможат шанса младите да можат да започнат свој бизнис така што ќе им дадат 10 000 евра неповратни средства.
„Планираме за секој еден млад човек којшто ќе има добра идеја за почеток на бизнис да добие неповратни 10.000 евра помош од државата.
Тоа не се кредити, младите нема да се задолжат и нема да бидат оптоварени“, истакнаа денеска од опозицијата.
Од СДСМ потенцираат дека покрај парите овие лица би добиле и просторни услови за работење, но и консултантска помош од искусни луѓе од соодветната област коишто треба да им помогнат во развивањето на својата идеја.
„Главната цел е да ги задржиме младите дома, во државата. Мора да им дадеме шанса и на оние кои што ја напуштиле да можат да се вратат“, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.