СДСМ ветува вработување, пракса или обука веднаш по факултет!
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2016
Опозицијата денеска вети вработување, пракса или обука за младите веднаш по завршувањето на факултет.
„Гаранција за млади“ е проект кој велат го базирале на многу добри европски искуства и пракси, а го прилагодиле за македонски услови.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска презентирајќи го овој прокет рече дека истиот ќе значи гарант на сите млади граѓани во Македонија дека веднаш по завршувањето на образованието во рок од четири месеци секој млад човек ќе може или да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или да добие можност за практика, обука или тренинг со којшто ќе се прилагоди на потребите на некое работно место коешто е на располагање.
Таа додава дека овој проект во многу европски земји дал добри резултати и тие сметаат дека ова треба да биде фокусот на младинските политики за младите да не заминуваат туку да останат во татковината.