17 Декември, 2025
0.1559

Се бира нов претседател на Адвокатската комора

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2018 17:57

Добивај вести на Viber

Адвокатската комора на Mакедонија денеска во Струга на 63-тото Годишно собрание ќе избере нов Управен одбор и нов претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски, познат во јавноста поради тоа што го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметите покренати од СЈО.

Како можни наследници на Додевски досега се споменуваа адвокатите адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, поранешен министер за внатрешни работи, Александар Тортевски, кој соработуваше со СЈО, Звонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска-Тренчевска, Димитар Панчевски.

„Моите противкандидати се блескави правни умови. Барем за оние кои разбрав дека ќе се кандидираат. Немаме конечни информации, ниту пак формална најава кои и колку од колегите планираат да се кандидираат. Тоа е уште една мана во нашите акти. Постапката за кандидатура воопшто не е предвидена и затоа до последниот миг, не знаеме кој се ќе биде предложен, а камо ли кои се неговите визии и планови. Ова е една од работите кои  итно треба да се сменат заедно со системот на избор на делегати по Основните адвокатски заедници“- изјави Трпеноска Тренчевска во интервју за Фактор деновиве. 

Денеска ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка