Се јави Вранишковски, објасни зошто МПЦ не може да бара автокефалност од Софија и Цариград
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2019 15:16
Јован Вранишковски, поглаварот на Православната охридска архиепископија, изјави дека Македонската православна црква не може да бара автокефалност како во случајот на украинската, затоа што Српската православна црква, за разлика од руската, во овој случај, како што вели тој, има документ.
– Треба да биде јасно дека оваа црквена територија, без разлика на тоа дали на неа се наоѓа државата Македонија, официјално ѝ припаѓа на СПЦ. Едноставно, за ова си постои документ, нешто што, на пример, го нема Руската црква за територијата во Украина. МПЦ-ОА еднаш се обиде преку Бугарската православна црква (БПЦ) да добие автокефалност и не успеа. Потоа се обиде преку Цариград и повторно не успеа. Зошто? Затоа што само СПЦ е надлежна и само со СПЦ може да преговара. Ако не беше така, тогаш зошто во 2002 година течеа преговорите со СПЦ за потпишување на Нишкиот договор? Зошто не течеа со Бугарија или со Цариград? – објаснува г.г.Јован.
Тој вели дека очекувал вселенскиот патријарх Вартломеј да изјави дека МПЦ не треба да очекува автокефалност, затоа пто, покрај другото, тој сака да ги смири тензиите со Руската православна црква и да ја придобие довербата од СПЦ во овој период
– Затоа сметам дека во неговата изјава нема ништо ексклузивно, бидејќи отсекогаш беше кристално јасно оти ситуацијата во Украина не може да се споредува со ситуацијата во Скопје – вели Вранишковски, кој додава дека не постои друг начин МПЦ-ОА да добие автоќефалност.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




