Добивај вести на Viber
Семејствата на учениците од „НОВА“, нивните гости, припадници на бизнис заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во Македонија, денеска во просториите на меѓународното училиште „НОВА“, подготвуваа јадења, продаваа сувенири од своите матични држави, донираа подароци за лотаријата и учествуваа во прибирањето средства за помош на домот за доенчиња во Битола.
Овој хуманитарен настан кој се случува по осми пат, годинава е организиран од учениците на „НОВА“ (NOVA), нивните родители и професорите на училиштето. Годинава настанот е организиран во партнерство со “Лајонс Интернационал” (Дистрикт 132 Македонија).
Оваа година средстватa, наменети за најранливите припадници на општеството, се собираа со продажба на уникатни сувенири и традиционални дела и јадења од повеќе од 10-тина земји од каде што потекнуваат учениците на „НОВА“, како и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени. За време на настанот се организираше и лотарија со голем број на награди донирани од спонзорите на настанот, како и детско катче, каде учениците на “Нова” се претставија со свои музички и танцови точки.
Минатата година во рамките на истиот настан, беа собрани приближно 5,000 евра кои беа донирани за изградба на Детскиот ургентен центар на Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје, за две невладини организации поддржани од Ученичкиот совет на “Нова” и за библиотечниот фонд на училиштето.
Семејствата на учениците од „НОВА“, нивните гости, припадници на бизнис заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во Македонија, денеска во просториите на меѓународното училиште „НОВА“, подготвуваа јадења, продаваа сувенири од своите матични држави, донираа подароци за лотаријата и учествуваа во прибирањето средства за помош на домот за доенчиња во Битола.
Овој хуманитарен настан кој се случува по осми пат, годинава е организиран од учениците на „НОВА“ (NOVA), нивните родители и професорите на училиштето. Годинава настанот е организиран во партнерство со “Лајонс Интернационал” (Дистрикт 132 Македонија).
Оваа година средставатa, наменети за најранливите припадници на општеството, се собираа со продажба на уникатни сувенири и традиционални дела и јадења од повеќе од 10-тина земји од каде што потекнуваат учениците на „НОВА“, како и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени. За време на настанот се организираше и лотарија со голем број на награди донирани од спонзорите на настанот, како и детско катче, каде учениците на “Нова” се претставија со свои музички и танцови точки.