26 Септември, 2022
0.0202

СЕ ОГЛАСИ АРСОВСКИ - во Скопје сум, работам, не сум во Монте Карло, сликата е од поодамна, бев на гости кај роднини

Објавено во: Македонија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски се огласи на фејсбук со долг демант, откако некои портали, а потоа и СДСМ објавија дека тој бил наводно на екслузивен одмор во Монте Карло.

„Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период.

Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.

Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди.

Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил.

Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ.

НО, слика од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:

- историски најлошо менаџирање на власта

- историски највисок степен на корупција

- распродавање на национални интереси

- штетен протокол со Бугарија

- наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ

- најзадолжена држава во регионот

- најнеуспешна Влада што постоела

- историски најниска доверба во судството од 8%

- покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето

- илјадници починато заради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМ

Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак.

Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сѐ што се случува во државава, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.

И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.

Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.

Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин на кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.

Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене, ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели?“, пишува Арсовски на својот фејсбук статус.


Можеби ќе ве интересира

Денес облачно и дожделиво, утре поголема нестабилност

Денес облачно и дожделиво, утре поголема нестабилност

„СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАТИ, ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, НАЧИН МОРА ДА СЕ НАЈДЕ УЧИЛИШТАТА ДА РАБОТАТ“: Само НЕ онлајн настава

„СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАТИ, ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, НАЧИН МОРА ДА СЕ НАЈДЕ УЧИЛИШТАТА ДА РАБОТАТ“: Само НЕ онлајн настава

СИНОЌА СИ ЈА СКРШИВ НОГАТА ВО ОВАА СКРШЕНА ДРЖАВА - еве низ каква голгота поминуваме сите за да добиеме обична здравствена услуга

СИНОЌА СИ ЈА СКРШИВ НОГАТА ВО ОВАА СКРШЕНА ДРЖАВА - еве низ каква голгота поминуваме сите за да добиеме обична здравствена услуга

ДИВИ СВИЊИ СЕ СИМНУВААТ ДО ДВОРОВИТЕ ВО ЦРНИЧЕ, ВЕЌЕ СЕ НАПАДНАТИ И МИЛЕНИЦИ - граѓаните живеат во страв, надлежните си ја префрлаат топката

ДИВИ СВИЊИ СЕ СИМНУВААТ ДО ДВОРОВИТЕ ВО ЦРНИЧЕ, ВЕЌЕ СЕ НАПАДНАТИ И МИЛЕНИЦИ - граѓаните живеат во страв, надлежните си ја префрлаат топката

ПО ГРУПНАТА ТЕПАЧКА НА МЛАДИ ВО ПЕТОКОТ, ГЕРАСИМОВСКИ ДЕНЕСКА НА ТЕРЕН - полицајци има, но не доволно, и родителите да си ги воспитуваат децата

ПО ГРУПНАТА ТЕПАЧКА НА МЛАДИ ВО ПЕТОКОТ, ГЕРАСИМОВСКИ ДЕНЕСКА НА ТЕРЕН - полицајци има, но не доволно, и родителите да си ги воспитуваат децата

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

ХАКЕРСКАТА ГРУПА BLACK BYTE ГО НАПАДНАЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - се работи на отстранување на проблемот, граѓаните да имаат трпение за услугите

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

СЕ ОГЛАСИ АХМЕТИ - ДУИ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ СЕКОГО - 20 години сум навикнат на такви незадоволства, секогаш излегуваме посилни

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

ТРГНАЛ НА ВЕНЧАВКА КАЈ СВОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ, НА ГРАНИЦА ЧЕКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС - еве како Отворен Балкан го искусил српскиот министер за градежништво

ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ НАПРАВИЛЕ „РШУМ“ НИЗ ЛОКАЛИТЕ - угостителите упорно им точат алкохол на малолетници

ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ НАПРАВИЛЕ „РШУМ“ НИЗ ЛОКАЛИТЕ - угостителите упорно им точат алкохол на малолетници