15 Јануари, 2025
0.3415

СЕ ПОМАГА НА ГОЛЕМО И ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Волонтерите не ги оставија сами поплавените семејства

Објавено во: Македонија 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Најбројни и најхумани. Секогаш тука да подадат рака за помош кога е најпотребно. Кој ако не самите граѓани.

Втора недела волонтери се на терен и помагаат за санација на штетите од поплавите, носат храна, намирници, облека ...од врата до врата. Несебично даваат се од себе барем за миг домаќинствата кои се најдоа на удар на невремето од минатата сабота да забрават на лошото што ги снајде и да им ја вратат надежта во животот откако за половина час изгубија се што заработија и од што живееа години наназад.

Благодарение на социјалните мрежи добра организираност вродува со плод.

На фејсбук, преку гупата „Хуманитарна помош за поплавените подрачја во Скопје“ , хуманитарни граѓани се распоредуваат, собираат помош и донации на два главни пункта во главниот град откаде после им ја разнесуваат на граѓаните погодени од невремето.

Гумени чизми, лекови, лопати, средства за дезинфекција ... сето тоа волонтерите го собираат преку оваа група.

Групата ја следат над 15 илјади граѓани и таму доставуваат помош а и се информираат каде , на кој му треба конкретна помош, бидејќи има куќи до кои се уште не стигнале надлежните а кои се уште пливаат во вода.

Голем дел од улиците се расчистени и проодни, меѓутоа реата и калта се уште стојат како потсетување на силното невреме кое однесе над 20 жртви.

На фејсбук групата волонтерите постојано ја ажурираат мапата на загрозени подрачја, а може да се прочитаа разни постови во кои се бараат лекови и душеци, се нудат плакари, бебешки креветчиња и пелени, сточна храна и слично за оние на кои им е потребно. П а доколку и вие сакавте нешто да донирате лично на погодено семејство , може да се обратите и да добите конкретни информации преку оваа група.

Сето ова што го гледаме на терен преку организираноста пред се на млади луѓе, претставува надеж дека сепак има и солидарни граѓани кои несебично се тука да помогнат и ја враќаат солидарноста кај народот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира