Се пролонгира снимање на филмот, засега обиколницата останува отворена !
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2015
Овие денови се шират информации дека ќе се затвори скопската обиколница.
Првичните информации беа дека од денес па се до 28 септември, обиколницата околу Скопје од клучката Хиподром до клучката Сарај ќе биде затворена секој работен ден од 7 до 19 часот, поради снимање на францускиот игран филм „A Fond“.
Оваа информација подоцна беше повлечена од АМСМ при што обиколницата е отворена и сообраќајот е во нормално одвивање барем засега.
„Во врска со првичната информација добиена од Мануфактура Продукција од Скопје во врска со промена на режим на сообраќај на скопската обиколница и автопатиштата А1 и А2, поради снимање филм, која беше објавена во нашиот утрински извештај, ве известуваме дека има измена во временските периоди (термини) кога ќе се спроведува времениот режим на сообраќај и за точните временски периоди ќе ве известиме веднаш по приемот на нова информација“, стои во соопштението од АМСМ.
Од Мануфактура продукција велат дека ги имаат обезбедено сите потребни документи од државните институции за нормално одвивање на филмот „А Fond“, и дека снимањето се пролонгира поради дополнителни, пообемни подготовки.